Големо Илино
Големо Илино е село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Атарот на с. Големо Илино зафаќа површина од 20,6 км², кој се состои од 327,8 хектари обработливо земјиште, 628,4 хектари пасишта и 925,6 хектари шуми. Големо Илино се наоѓа на надморска височина од околу 980 метри.
Денес под горното име постојат две села – Големо и Мало, односно Горно и Долно, само неколку километри оддалечени едно од друго. Според сочуваното предание, порано постоело само едно Илино, на преминот наречен Илинска Црква која се наоѓа околу 3 км јужно од Големо Илино. Таму и денес стои старата селска црква. Оттука селото се преселило поради големите зулуми што ги трпело од вооружените арнаутски дружини, кои доаѓале од областа Черменика. Притоа од старата населба настанале две нови – Големо и Мало Илино.
Големо Илино од секогаш од памти век било поделено на повеќе маала, својствено за селата во тој изминат период., во "Долно маало" и "Горно маало". Спрема искажувања на Стојан Спировски за документарецот кој се направи од страна на првата национална телевизија во 1997 г. Долно Маало се смета дека е од кај долот "Чобановци" a Горно Маало "Горниот дел". Од времето Големо Илино било составено од збиен тип на маала, односно густо населени што сега навидум е далеку од тоа. Во Долно маало препознатливи "маала" биле: Велковци, Рутевци, Чукалковско маало, Ѓуровско маало и границата Чобановци. Во Горно маало биле: Миленковци, Ревновско маало, Ѓуро куќа, Ѓоревци.
Низ селото тече бистра големоилинска река.
Постојат податоци дека во селото во периодот на СФРЈ од 1948 до 1953 селото броело околу 620 жители. Во 1960/1961 година имало 67 ученици кои учеле од прво до четврто одделение. Според последните пописи во 1994 год. Големо Илино имало 81 жител, а во 2002 год. 51. Денес во селото има околу 13 постојани жители.
Цркви и Манастири
Св. Никола
Св. Петка
Манастир Св. Илија
Свети Илија е македонски православен христијански црковен и манастирски храм кој се наоѓа високо на падините на Илинска Планина над селата Големо и Мало Илино на надморска височина од 1544 метри. Манастирската црква е изградена во 1990 година.
Секоја година на Илинден се одржува голем црковно-народен собор и прослава со многубројни посетители од Големо Илино, Мало Илино, Брежани повеќето села во Демирхисарско, Охридско, Кичевско како и од градовите Демир Хисар, Охрид, Битола и иселеници од Скопје и странство, заради што во дворот на манастирот има 2 конаци.
Од манастирот води доброобележана планинарска патека кон врвот Лиска.