Кочиште
Кочиште се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Демир Хисар, недалеку од патот Демир Хисар-Крушево. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 730 метри.
Атарот на селото зафаќа простор од 12,1 км², при што преовладуваат шумите со површина од 820 хектари, на пасиштата отпаѓаат 184 хектари, а на обработливото земјиште 175 хектари. Селото има полјоделско-шумарска функција.
Во 19 век, Кочиште било христијанско село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманската Империја.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Кочиште имало 320 жители, од кои 120 Македонци христијани и 200 Албанци муслимани.
Кочиште е мало село, кое во 1953 година броело 284 жители, а во 1991 година бројот се намалил само на 57 жители македонско население.
Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 38 а денес има околу 10-15 постојани жители.