Прибилци

        Прибилци е село во северниот дел на Општина Демир Хисар, од левата страна на патот Демир Хисар – Крушево. Селото е рамничарско на надморска височина од 660 метри, а од Демир Хисар е оддалечено 4,5 км.

        Селото во основа има полјоделско-шумарска функција.

        Во Прибилци има подрачно Основно училиште „Гоце Делчев“ до V одделение.

        Ова село е познато и опеано во многу Македонски народни песни поради големата бунтовност и македонско родољубие (патриотизам) на неговото население.

        За време на турското ропство селото било населено со турско население и било седиште на мудурот. Македонските ајдути и комити се “прибирале“ во селото од турските потери и оттука доаѓа името Прибилци, меѓутоа селото е основано и пред османлискиот период. Во ова село има и стари турски  гробишта и тие се сведоштво за животот на Турците во ова село.

        За време на Илинденското востание близу селото се одиграла помала битка меѓу македонските комити и турскиот аскер (за време на почетокот на востанието), а турскиот аскер кога поминувал покрај селото одејќи кон Крушево не ги пронашол комитите кои се скриле во селото.

        Јордан Пиперката го запалил селото и после тоа почнало да се населува македонско население.

        Населението било активно и за времето на НОБ, за што сведочи споменикот во селото.

        Прибилци е населено со македонско население. Во 1961 година, селото имало 436, а во 1994 година бројот се намалил на 287 жители. Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 266 а денес има околу 130 постојани жители, сите Македонци.

Цркви и Манастири

Пресвета Богородица