Единаково

        Единаковци (се сретнува и како Единаково) се наоѓа во источниот дел на Општина Демир Хисар на потегот на излезниот дел на Црна Река во Пелагонија. Селото е рамничарско на надморска височина од 670 метри. Од Демир Хисар селото е оддалечено 7 километри.

        Името на селото потекнува од зборот единак, што претставува име за чешел за лен.

        Во селото има Основно училиште „Гоце Делчев“ до V одделение, подрачно училиште на ОУ „Гоце Делчев“ - Демир Хисар.

        Во Единаковци моментално живеат околу 250 жители, сите Македонци.

        „Во Селото“ е археолошки локалитет во демирхисарското село Единаковци. Локалитетот претставува населба од доцноантичко време. Откриен е случајно при изградба на селски куќи, кога биле откривани остатоци од објекти. Најдени се неколку питоси, повеќе монети, а во селските дворови се среќаваат и фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди. Монетите се чуваат кај локален жител.

Цркви и Манастири

Св. Никола