Лесково

        Лесково е планинско Демирхисарско село што се наоѓа на надморска височина од 1005 метри.  На 1,5 км. над селото се наоѓа црквата Св. Илија (обновена во 1980 година) и споменик на паднатите борци од НОБ.

        Во 1953 година Лесково имаше 320 жители, а во 1971 година бројот се намалил на 67.  Селото е напуштено уште од 1981 година кога, според пописот истата година, имало само еден жител.

        Денес во селото може да се најде само обновена селска чешма од 1991 година и остатоци од неколку куќи кои сведочат за животот во ова село.

Цркви и Манастири

Св. Илија