Боиште

        Боиште се наоѓа во југозападниот дел на Општина Демир Хисар сместено близу изворите на Боишка Река, близу местото каде се сретнуваат двете планини, Плакенска и Илинска. Се­ло­то е пла­нин­ско, на над­мор­ска ви­со­чи­на од 925 ме­три.

        Ата­рот е го­лем и за­фа­ќа про­стор од 22 km2, Нај­го­ле­ма по­вр­ши­на за­зе­ма­ат шу­ми­те на 1.176,1 ha, по­тоа       па­си­шта­та ко­и­што за­зе­ма­ат по­вр­ши­на од 495,2 ha, a на обра­бот­ли­во­то зем­ји­ште от­па­ѓа­ат 439.5 ha. Спо­ред тоа, се­ло­то има ме­шо­ви­та зем­јо­дел­ска функ­ци­ја.

        Во 1948 година, селото броеше 686 жители, во 1961 година 495. Во 1994 година, бројот се намалил на 70. Според последниот попис од 2002 година, селото броело 7, а денес има само 2 постојани жители. Ваквото драстично намалување на населението е карактеристика на многу села од овој регион.

Цркви и Манастири

Св. Ѓорѓи

Св. Атанас

Св. Петка