Суводол

        Суводол се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, од десната страна на Црна Река, недалеку од регионалниот пат Битола - Демир Хисар. Селото е рамничарско, на надморска височина од 670 метри. Атарот зафаќа простор од 11км2.

        Селото има полјоделско - шумарска функција.

        За случајниот минувач речиси е незабележлива природната граница меѓу населбите Кутретино и Суводол. Заеднички се: училиштето, фудбалското игралиште, Црквата Св. Константин и Елена и селските гробиштата. Суводолчани и Кутретинчани ја празнуваат Голема Богородица, односно Успение на Пресвета Богородица што се слави на 28 Август.

        Суводол е втората населба во којашто покрај бројното македонско живее албанско и турско население.

        Населбата е средна по големина и во 1961 година имала 448 жители, од кои 371 биле Македонци, а по 36 жители биле Турци и Албанци. Во 1994 година бројот се намалил на 426, а денес живеат околу 350 жители.

Цркви и Манастири

Св. Константин и Елена

Манастир Св. Богородица

        Почнувајки од старите времиња кога христијанството се пренесло од Азија во Македонија, црквата “Cв. Богородица” с. Суводол била една од најстарите цркви на овие простори. Но со текот на времето поради честите војни на овие простори црквата пропаднала, но заветот за Св.Богородица се пренесувал од генерации на генерации и пред неколку години манастирот е возобновен. Стилот на градба на овој манастир e византиски. Посетеноста на овој манастир е доста голема.

Џамии

Џамија