Утово

        Утово се наоѓа на крајниот југоисточен дел на територијата на Општина Демир Хисар. Селото е рамничарско на надморска височина од 690 метри. Од општинскиот центар - градот Демир Хисар населбата е оддалечено 6 километри. Атарот е мал и зазема простор од 2,9км2.

        Селото има полјоделска функција.

        Црквата „Св. Никола“ е заедничка со соседното село Загориче.

        Населбата е мала и населена со македонско население. Таа во 1961 година имала 119 жители, во 1994 година - 51 а денес има околу 30 жители.

Цркви и Манастири

Св. Никола